КОНЦЕРТ НА СТРАШО ТЕМКОВ И МАРИЈА ВРШКОВА

Temkov - Vrskova

Дела на Кларк, Грин, Карастојанов, Прокопиев и други автори, на 30 мај, в четврток од 19 часот во фоајето на ЦК ,,Марко Цепенков,, целовечерен концерт на флејта и на пијано ќе одржат Страшо Темков и Марија Вршкова.

Темков, е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата генерација чија што многустрана дејност ја зацврстува традицијата на уметничката музика во земјава, промовирајќи ја интерпретацијата на дувачките инструменти толку карактеристични за ова поднебје. Од 1991-2010 г. работи како прв флејтист на Македонската филхармонија. Настапува како солист со повеќе оркестри.

Вршкова дипломирала и магистрирала на пијано на ФМУ – Скопје. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика. Неколкупати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика и најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела од македонски и од странски автори.

Loading