При крај се подготовките за театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“ што од 31 мај до 2 јуни го организира здружението Мал театар.
-Поттикнати од МТФ ,,Војдан Чернодрински,,, сакавме да направиме сличен фестивал за деца. Сакаме да í овозможиме на најмладата публика да ги доживее претставите од останатите градови и од најрана возраст да развие љубов и однесување кон театарот – велат од Мал Театар.
Фестивалот претендира да се тргнат децата од телефоните и компјутерите и да се развие имагинацијата и креативноста. Затоа ќе се одржуваат и работилници за деца.