МАРИОВЦИ КВАЧЕЛЕ ЛУБЕНИЦА

Кинисаа Маријовците на пазар во Прилеп. На пато најдоа лубеница.

-Шчо ќе да биде, шчо че не биде овоа?

Никој не знајеше, и си рекле.

-Ајде, да гу занесеме кај Пеја. Тој знаје?

Пејо гу гледал и му кажа на Маријовците:

-Да не је од камила јајце?

Маријовците гу гледале, гледале.

Пејо му кажа.

-Земете гу камилското јајце и квачете гу. Че излезе камилче!

Сетне секој ден, еден по еден чоек, се ределе гу квачиле камилското јајце на збрдно место. Некој ден се истркалала лубеница од Маријовец шчо дошол на ведењето и низ рид паднала во трњето. Рипнал еден зајак од трњето. Се стрчале сите Маријовци кај Пеја.

-Трчаје брго, да го ватеме камилчето. Та се исквачило, че избега!.

Трчале сите Маријовци, а Пејо напред да го втасат камилчето до кај шчо имало пешчери и дупки. Зајакот се пикнал во дупка мечкина.

Маријовците и се прашале.

-Кој че да влези внатре?

А Пејо, к’о најитер, кажвал.

-Јаз че влезам! Застанете туа, да си земам ортомата од куќа ми.

Пејо дома и ји кажал на домаќинка си.

-Жено, ајде, брго, најди ја ортомата.

-Зошто ти је?

-Најдоме едно камилско јајце. Кога го исквачиме, се отркало на ведењето, оти збрдно местото беше. И падна во трње, а од трњето избега камилчето во пољето. Си најде дупка мечкина и се пикна! Сега барај ортомата, да го извајеме камилчето.

-Мажу, ќе го вјанеме камилчето и ќе ојме кај татка ми на гости.

-Мори, будало, да го прекршиш камилчето, уште је малечко.

Пејо зеде стап и ја удри десетина пати. Зеде си ортомата и отиде кај дупката. Му кажува на другарите.

-Врзете ме со ортомата нагоре, ко’ ќе ја нишам јаз, тогај вије да тргате надзад.

Влегол внатре 40 метри. Ама во дупката, имало мечки и му ја скинале на Пеја глата. Ортомата се тресла, а Маријовците тргале и гу извадиле. Кога гу пулеле, Пејо без гла! Се прашале.

-Али имаше ли Пејо гла, али немаше?

Никој Маријовец на знајел?

Се согласле да ја прашат Пејојца.

-Пејојце, мори, али имаше Пејо глаа, али немаше.

Се думала и кажала.

-Куј го знаје. Кога одеше на пазар во градо, си купуваше од година на година по една валавка. Не гу знајм.

Loading