ПОГЛЕД КОН НАРЕДНАТА СЕЗОНА

Фудбал

Привршува една од најтешките сезони за прилепскиот фудбал. И добро што привршува, за погледите да се насочат во идната сезона. Победа отпаѓа од Првата лига, но ако треба да се види позитивната страна, тоа е доигрувањето на првенството. Клубот е во тешка финансиска ситуација и низ градот се прашуваа дали ќе ја доврши сезоната. Сепак собрани се сили да се окончаат пролетните прволигашки натпревари, а со тоа се избегнува дополнителна казна. Претстојат мечевите в недела со Вардар и на 26 мај со Македонија ЃП. Потоа мора да се почне со подготовка за брзо враќање во елитата. Стадинот, ако биде како што треба и клубот треба да е како што доликува.

Последнопласираниот второлигаш Партизан денеска гостува во Пехчево, а на 25 мај завршува дома со Брегалница.

Loading