„ТРЕПЕТИ ВО ДУША“ ОД БЛАГИЦА БУНТЕСКА ПРЕД СОГРАЃАНИТЕ

bLAGICA bUNTESKA

„Трепети во душа“  е поетска збирка од Благица Бунтеска што ќе биде промовирана попладнево од 18 часот во библиотеката. Се работи за втора стихозбирка во која се презентирани љубовни, родољуби, социјални и песни  за најмилите. Промотор ќе биде Блага Тутеска, а стихови ќе читаат Павлина Чочкова и Андреј Богатиноски.

Според рецензентот Гордана Такец збирката од Бунтеска е посветена на спомените.

-Поетесата успева да создаде еден спој меѓу стихот и читателот, што неминовно се наметнува, како неопходност на секој оној чија љубов е пишувањето како еден вид на креативност наменета за сите љубители на убавиот пишан македонски збор – забележува Такец.

Бунтеска ја сочувствува носталгијата за најблиските во дијаспората, пее со желба да се вратат во родниот крај и посакува поубава утрешнина. Пишаниот збор почнал да извира од средношколските денови. Редовен член е на Клубот на литературни творци – Прилеп. Првата збирка што ја издаде минатата година носи наслов ,,Семејна лоза,,.

Loading