ЖОНГЛЕР ДО 15 КИЛОМЕТРИ СО ТОПКА

Dusko StojanovskiИсторија

Секое дерби Победа – Вардар беше спектакл со придружни настани. На 13 септември 1970 година, на полувремето своја изведба имаше жонглерот Душко Стојановски, студент од Скопје. Успеваше да жонглира со пластична топка, што е многу потешко отколку со кожена. Со нозе можеше со часови да ја префрлува на глава, да ја спушта на врат и на рамо, да ја носи на челото. Така дури 35 круга околу игралиштето, што е близу 15 километри. Специјалност му беше одење со топката, при тоа да не му падне на земја. Можеше и да трча со неа. Дел од овие вештини прикажа на теренот од стадионот ,,Гоце Делчев,,.

Уживаа 15 илјади гледачи.

Loading