ТРИ КОЛА ДО БАРАЖОТ

Ракомет: Финиш од сезоната

-Тимот Прилеп за спас ќе има меч со скопски противник

RK Prilep

Привршува сезоната во машката Супер лига. Иако остануваат уште три кола, уште одамна е јасно дека тимот Прилеп ќе биде претпоследен во плеј-аут групата, што значи дека има можност за спас од отпаѓање со дополнителен бараж меч. На тој дуел најверојатно ќе има противник од Скопје, со оглед на моменталниот редослед на прволигашката табела. Таму, во плеј-офот, води Работнички со 24 бода, пред Металург 2 и Јуниор КВ со по 22, Првиот од овој ранг директно станува суперлигаш, а вториот е во баражот. До крајот остануваат уште 4 кола. Претходно Прилеп во плеј-аутот прво загуби во Радовиш (43-34), потоа дома од Охрид (20-36), а во средата и во Струга. Конечно се очекува триумф на претстојниот меч со Борец, а до крајот се дуелите со Вардар ј. во Скопје и дома со Радовиш.

Табела: Охрид 45, Струга 40, Вардар ј. 24, Радовиш 21, Прилеп 13, Борец 0.

Женската екипа Деспина зеде силен пролетен залет со пет победи. Последни се во Гевгелија (20-27) и дома со Цемс (34-21). Секако повредна е првата затоа што беше гостинска и значеше реванш со камата за поразот од истиот противник дома. На овој меч најефикасна со 14 гола е пивотот М. Камческа. Во вториот натпревар играа сите што се во записникот, а списокот стрелци е предводен од Л. Рипилоска со 8 и Е. Јовеска со 6 гола. Вчера беше гостувањето кај Овче Поле во Свети Николе, потоа дома дерби за првото плеј-аут место со Спартак.

Табела: Спартак и Деспина по 31, Гевглеија 27, Цемс 12, О. Поле 0.

Loading