ФЕСТИВАЛ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ

Од 16 до 18 мај во киното Мис Стон

Драма, трагикомедија и комедија, семеен, детски и кратки филмови  е изборот за годинашното 14 – то издание на Фестивалот на новиот германски филм од  четврток 16 мај до сабота 18 мај во киното Мис Стон. ЦК ,,Марко Цепенков,,  го реализира во соработка со Амбасадата на Германија.

Комедијата ,,100 работи,, е првата проекција в четврток од 20 часот. В петок и в сабота ќе  се прикажат три детски филмови, три играни и ќе има проекција на кратки филмови.

-Филмовите се грижливо избрани да задоволат многу вкусови. Некои од нив се ексклузивни со огромен успех на филмските фестивали. Еден беше и во конкуренција за наградата ,,Златна мечка,, на Берлиналето – велат  од Германската амбасада.

Loading