КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ВО ПОЛСКА

Kud Mirce Acev nastapuva vo  Polska

Играорците од КУД „Мирче Ацев“ ја претставуваат нашата држава во Познањ, во Полска, на Неделата на културата на државите од западниот Балкан.  Фестивалот е организиран од Институтот за словенска филологија и финансиски покриен од полското министерство за култура.

КУД ,,Мирче Ацев,, ја има честа со концерт од час и половина да го отвори фестивалот денеска.

Манифестацијата ќе трае до 26 мај и ќе учествуваат културно уметнички друштва од сите земји од Западниот Балкан. КУД ,,Мирче Ацев,, ќе го презентира фолклорното богатство од сите краеви на нашава земја. Членовите ќе одиграат сплетови на ора и песни од Повардарието, од Егејска Македонија, од источниот дел на Македонија, потоа и поединечни ора Осоговка, Беранче, Тресеница, Калајџиско и др. Едновремено ќе се презентираат и македонските традиционални инструменти гајда, кавал и тапан. Во програмата е и македонското традиционално машко пеење преку неколку сплетови на песни изведени од машката пејачка група.

Прилепското друштво има долгогодишна соработка и пријателство, со универзитетот од Познањ, почнувајќи од 1989 година, па во 1994, 2001, 2015 и повторно оваа година. Голем дел од студентите го изучуваат македонскиот јазик, култура и фолклоре и често доаѓаат во нашата земја на теренски истражувања.

На фестивалот ќе одржи предавање д-р Ели Луческа, научен советник во Институтот за старословенска култура. Во програмата и работилница од областа на културното наследство и социо-културната антропологија на Балканот, со посебен акцент на Македонија, со наслов ,,Убавините на Балканот за студентите на балканистика, полистика и славистика,,.

Loading