ПЕЈЗАЖИТЕ ОД ЛИЛЈАНА РИСТЕСКА

Liljana Risteska

Во ликовниот салон на Центарот е отворена првата самостојна изложба на слики од Лилјана Ристеска.

Дипломираниот правник Ристеска, почнал да се занимава со слиакрството по пензионирањето. На сограѓаните им се претставува со 47 пејзажи и мртва природа, изработени во акрил и масло на платно. Уметницата ги создала делата со голема љубов. И се остварила желбата да се посвети на платното, на боите и на четките, оти како правник во Агенцијата за вработување немала слободно време многу години.

-Имав желба за цртање и за сликање од гимназиските денови. Завршив правен факултет и се вработив во Агенцијата за вработување, но останаа моја љубов уметноста и сликарството. Порано немав многу слободно време, но желбата тлееше да се посветам на платното, на боите и на четките. Реализмот е посебен правец во уметноста. Ме привлекува реалната слика, доловувањето на деталите, на сенките. Кога сликам ги внесувам сета моја љубов кон уметноста, сиот мој труд – вели Ристеска.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која потенцираше дека на платната се претставени мотиви на пејзажи и мртва природа изработени во техники акрил и масло на платно.

– Пејзажите на Ристеска се одликуваат со стабилна конструкција и перспектива. Разбирањето на бојата. Ииграта меѓу сенките и светлината повеќе е од очигледна. Јасно е воочлива посветеноста на обработката на деталите, кои во суштина ја нагласуваат и водат нарацијата на композицијата. Сликарските платна со мотивот на мртва природа изобилуваат со детална и мунициозна изработка. Личниот потег при сликањето во суштина пидонесува за квалитетот на севкупната наративност. Се бележи  дар за боја, контраст, играта на сенките и светлината. Тоа сведочи за извонредниот уметнички талент и набљудувачкото око на уметницата и нејзината предаденост при реализацијата на сопствената артистичка визија – посочи Димеска.

Loading