РИБИ И ЛУБЕНИЦИ

Мајтап

– Е сега вака,

– А!?

– Да ти кажам за Пројче рибаро, и не акај!

– Е ајде,одвај чекам шо глупос че слушнам.

– А бе каква глупос,генијалнос!. Се договарале корзомалци за на Црна. Чојме ваму, таму, кај изворо, кај карпата, кај то виро, че замиме ова, она, че прајме вака, така, ти то, ти она… И така си тераа. Ги слуша Пројче и им вели: ,,Пишете ме и мене и јас чидам,,.

– Седи си овде че има и за тебе. Не се секирај. Ти и риба, колку касапон со интернето.

– Јас сум за вас Тесла,

– Можи и секира да си, ама ни знајш да вајчаш, ни си вајчал некош… Ако сакаш да ни ги носиш стапојте, ова прачките, ајде де.

– А не, за стапојте че си ги носите сами. Јас за риба, стап не користам. Па ниту ги лажам со црвје, пајаци, коњоштипи други транталци.

– Со раце да не ги вајчаш,а? Да не ги чешаш за такво, па да ти се кротат. И оп, втавче.

– Така-вака, ич да не ви е гајле. Ко не верувате, вака че напрајме. Кој колку си вати, толку. Нема делба.

– Важи бе, иди. Ама купи си некое рибче од рибарница да не ти свири мево, па да ни припајџаш. Ни опашка нема да добиеш.

– Од вас барам само сол, лук дестина глајци и киселина. За макало, има лиги да ви течат, ко че го делам месото од коските.

– Пројче, да не си бил на промаја вчера. Да си земиш за утре кафетинче. Че ти треба. Море уште вечерва, да не тресиш глупости и таму.

– Утре јас земам гајба пиво, две лубеници тавче и… Не мора чаша за пиво. Че го пијам од шише. Послатко ми е.

– Да не ти биди малце пиво. Прикупи си уште една гајба. Ама лубениците?! Па две. Ова ми мириса на заебанција, а?

– Арно велиш. Че си прикупам пивце, а лубеници две мора. Една за мене, сабајлето за трезнење, а другата, поголемата, за рибите.

– Овај забегал! Не е за кафетинче, за петка е од појаките. Скраја да е. Да не му бајш на рибите со лубеница?

– Ако ги имате урочено, можи, ама друг пат! Едната лубеница че ја врлам во виро, че си отворам пивце, дабче, в река изладено и че си уживам.

– Че јадиш ти само риби, на сон. И!?

– За десетина минути, рибите сами че излегуваат, една по една.

-Право в тавче?

– Че јадат лубеница и че им се примоча. И, каде на мочајне? Културни се. Кај шо живеат, не мочаат, туку на страна. Како, на која че и се примоча, таа надвор. Тавчето че го испружам, а таа од култура че влези внатре да се измоча. И толку. После че и се примоча на друга, па на трета… И така, ред има да чекаат. Полесно здравје.

– Ни се еба мајката со тебе. Важно си се излади со нас. Сега сакаш иди, сакаш не. Остајне да си бркаме работа. Ако ни поприкажуваш уште малце, за утре че си порачаме една приколка лубеници.

– Слушна сега бе Митре шо ти значи рибар?

-А!?

-Па тој, а. Не се учиш ти со лесно. Туку носи му поздрав на Васкичо, ко че го видиш,

-Поздрав велиш, а! И тој да не е рибар, а?

-Беше, сега е советник. Е за него, другио пат ко че се видиме.

Џага-Дур

Loading