АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Шут со рогат не може освен ако не е дворски шут.

Х

Го мразам гревот, а грешниците – мене!

Х

Самиот некрстен, а се обидува да не учи како да се крстиме.

Х

Од празноглавци ги боли глава само оние кои имаат нешто во неа.

Х

Ако совеста е одлика на човекот колку ли луѓе навистина постојат на светот!?

Х

Кога апетитите ви се поголеми од можностите постојано ќе бидете гладни.

Х

Првата му е во срцето, втората во креветот, третата в кола, а со четвртата е во – брак.

“Д-р Г.Хаџи-Васков”

Loading