ВЛЕЗНИЦИ САМО КОГА ГОСТУВА ПОБЕДА

Историја

Порано имаше клубови кои речиси немаа традиција за наплаќање влезници. На секој натпревар вратите беа ширум отворени за слободен влез во стадионот. Исклучок беше денот кога им гостуваше Победа. Победа доаѓа, со неа и навивачи, и ете – влезници. Така беше на 22 март 1986 година во Битола. Во домашниот клуб РЕК Битола, откако слушнале дека доаѓаат 2000 навивачи, набрзина подготвиле некакви влезници. Всушност, тоа не беа вистински влезници, ами некои ишарани ливчиња, но вредеа многу – 100 динари. Слично беше и на 18 октомври 1987 во Скопје. Домашниот Металург обично или не наплаќаше влезници или тие беа со симболична цена од 50 динари. Кога навалија 2500 прилепчани, цената скокна на 150 динари.

Двата меча ги доби Победа со по 0-1.

Loading