КИЧЕВО, ОХРИД, КОЧАНИ, СТРУМИЦА…

Фудбал

Нема друг тим со проблем како Победа. Тешко да се претпостави каде ќе игра на секој меч како домаќин, бидејќи терените и градовите се менуваат. На 3 март со Работнички играше во Кичево, на 16 март и 3 април со Ренова и Вардар во Охрид, на 20 април со Шкупи во Кочани. Наредниот домашен меч, в сабота со Силекс, најавен е за во Струмица. Со вакви маки и поквалитетен тим од прилепскиот тешко би ја избегнал опасната зона на прволигашката табела. Остануваат уште 7 мачни натпревари. По поразот (0-3) од Шкупи, во средата беше гостувањето на Работнички, в сабота ,,дома,, со Силекс, а на 1 мај одложениот меч со А. Пандев. Како домашни се уште со Шкендија и Македонија ЃП, а на гости со Ренова, А. Пандев и Вардар. Екипата на Победа првпат во историјата во финишот од првенството влегува закована на дното од табелата.

В сабота има второлигашки и третолигашки фудбал: По поразот (0-2) дома од Плачковица, Партизан во борбата за второлигашки опстанок гостува на Детонит во Радовиш. Истиот ден (16 ч.) на Могила има интересен дуел, Напредок – Превалец, во кој домашниот разигран состав, по триумфот (0-1) кај Марена, го дочекува кандидатот за првото место.

Loading