ВОЗРАСНИ АКТЕРИ ИГРААТ ДЕЦА КОИ ИГРААТ ВОЗРАСНИ

Во театарот се подготвува „Семејни приказни

Od podgotovkite na Semejni  prikazni

Дел од ансамблот на театарот ја подготвува претставата „Семејни приказни“, во режија на Милош Б. Андоновски. Пробите ќе се интензивираат по велигденските празници, а премиерата се планира во јуни. Претставата е  по текст на Биљана Србљановиќ. Играат Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски

Србљановиќ е најпознатата и најизведуваната српска драмска авторка, дури и на европските сцени. Делата í се поставени во околу 50 земји. Текстот  е од 1998 година, а актуелноста, за балканските простори, е несомнена.

-Четири деца меѓу 10 и 12 години кои играат возрасни на едно старо, детско игралиште. Преку игрите на преправање во татко, мајка и дете, избиваат личните и семејни приказни, односот со родителите, домашното (не)воспитание, семејното насилство, политичките метастази, како и целиот општествен контекст. Текстот, навидум, изгледа наивен, а е повеќеслоен и се претвора во предизвик. Возрасни актери играат деца кои, пак, играат возрасни. Границата меѓу овие три слоја (приватниот од актерите, детскиот и возрасниот) е многу тенка, но е простор за неогранични можности – вели режисерот Андоновски.

Милош Б. Андоновски е театарски режисер и професор. Претставата  е прв професионален ангажман во прилепскиот театар. На нашата сцена  бил првпа со дипломската претстава ,,Поблиску,, по текстот на Патрик Марбер, во 2015 година, во офф програмата на фестивалот ,,Војдан Чернодрински,,.

Сценографијата е на Наташа Вчкова, а костимите на Марта Дуфне Јосифовска.

Loading