Стриковците Рампо и Цане не доцнат на местот за драпање.
– Рампо, Цане, од се натаму да си знајте, ако ве нема три дена на мегданов, че добијате откас – им се закани еден мустаклиај на итроманците.
– Луѓе, не се вели откас, туку отказ – ги коригира стрико Рампо.
– Баго де, ќе сме добијале отказ, ко шо го вели зборов Рампо. Не сне на вункци, ние земаме пензија, не земаме и плати и конорари – се спротиставува на заканата Цане.
– Не се вели вункци и конорари, туку функции и хонорари. Разбирате или не – ги праша Рампо?!.
– И да те разбравме и да не те разбравме ни е преку онаквото. Важно било, шо се вели, а не шо се прај?!
– Не се прајте се на удрени. Од денеска натаму нема трте-мрте. Или че бидите тука или че ви ја дајме покапата… Че си побараме друзи, без чешитлаци дома не не прибира, разберете се ослепаго – вели мустаклијата!
– Нас не нема два-три дена, а во земјава од како сме осамостоени многумина со дебели плати и хонорари ги нема со години, па никому ништо, стопанка му!
– Е, тие шо и нема, кај одаа, а Рампо – го прашаа загрижените?
– Некој се далдисани по светот, други печалат, трети јадат од спечурченото…!
– Тије шо акат, акнале не се вратиле!
– За вакви работи народецов рекол: – … Лаете за да ве ранат! Свој леб јадите, тујџо гајле берите!
– Има и друг муабет за ваквите рабојче – да не остане покусо се јави стрико Цане.
– “Рани куче да те лај!,,, баго, а Рампо?
– И така се вели Цане, ама да е скраја од нас.
– Не го забошотувајте муабето, туку кажете кај е кабаето – нервозно прашаа појчемина?
– Кај Јонче од Клепач, кај можи да биди…
– Лујџе, не прајте се зашондани. Им проштаваат. Зато ги нема. Како се вели за оние шо не олеснуват, тие им гледа низпрсти.
– Да не не је така. Инаку, до се че имавне салам држава, а не параспури – одговори еден со ушите начулени, додавајчи дека за некого имало со торби, а за други ни утеха на пружена рака.
ДДБ