Концерт на ТРИО КОЛЕГИУМ

Trio Kolegium

Концерт на Трио Колегиум ќе се одржи вечерва од 19 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“. Ќе настапат Александра Коцевска, мецосопран, Менка Богоевска, виолина и Глигор Гелебешев, пијано. На програмата се дела од Брага, Елгар и др. автори.

ТРИО КОЛЕГИУМ е формирано како спонтана соработка меѓу тројцата колеги и долгогодишни пријатели во 2017 годин како нетипичен состав за класичната музика. Изведува дела од светската музичка литература прилагодени за овој состав, бидејќи постојат многу малку дела напишани за ваков состав.

Триото има остварено повеќе концерти во Скопје, Куманово, Неготино, Куклица-Камени кукли…

Loading