НЕУТРАЛИЗАЦИЈА НА ЗДИВОТ ОД ЛУК

luk1

Некои јадења не се замисливи без лук, а не треба да се заборават и здравствените придобивки. Но, друга приказна е борбата со лошиот здив поради лукот. При консумирањето, телото создава гасови со сулфур. Непријатниот здив доаѓа од стомакот, а не од устата.

Како да се неутрализира непријатиот здив?

За ублажување на лошиот здив после јадење лук се зема лажичка сенф која се држи во устата околу една минута пред да се голтне. Водата, млекото или лимонадата помогаат при непријатниот здив предизвикан од лук. Пиењето млеко пред и за време на јадењето го намалува непријатниот здив. Магдоносот и нането значително го неутрализираат непријатниот здив.  Се џвака долго свеж магдонос. Против здивот од лук помогаат и семето од кардамон, анасон и каранфилче. Зелениот чај или од нане содржат полифеноли кои ги намалуваат сулфурните соединенија создадени од лукот. Затоа се пие чај за време и по консумацијата. Непријатниот здив го ублажува џвакањето на зрна кафе. Антибактериските особини го прават лимонот ефикасен. Го отстранува непријатниот мирис и од рацете по чистењето на лукот. После јадење на лук темелно се четкаат забите и јазикот. Гумата за џвакање помога во освежување на здивот со ослободување на повеќе плунка која е клучот за ослободување од непријатниот здив. ,,Маката,, со непријатниот здив се ублажува и со водичка за перење на устата.

Loading