ЕЛИМИНАЦИЈА НА МИРИС ОД ЦИГАРИ

cigaraПушењето во затворен простор остава непријатен мирис кој се навлекува во облеката, пердињата и намештајот. Со неколку трикови да се може да дојде до ослободување од непријатниот мирис.

Јагленот и оцетот ги впиваат и неутрализираат непријатните мириси. Во неколку садови се тура малку винска киселина или неколку парчиња активен јаглен и се поставува во просторијата во која се пушат цигари. Садовите се ставаат на повисоко место да не бидат на дофат на децата и домашните миленици.

Се прска парфем на студена сијалица. Кога ќе се вклучи осветлувањето, сијалицата ќе се загрее и во просторијата ќе се ослободи пријатнниот мирис кој делумно ќе го прикрие непријатниот мирис од цигарите.

Во пепелникот се става малку песок кој целосно ќе го отстрани непријатниот мирис од отпушоците.

Пред спиење се посипува сода бикарбона по тепихот, на гарнитурата за седење и на рабовите од просторијата каде се пушело. Наутро се вшумукува со правошмукалка.

Во проветрена просторијат се мавта  2 минути со натопена крпа со оцет. Мирисот од цигари ќе се ,,залепи,, на влажната крепа и ќе исчези.

Loading