КАЧЕНИ НА ПОКРИВ ГЛЕДАА КОШАРКА

Историја

Во април 1972 година Прилеп уште немаше голема спортска сала. Кошаркарските, одбојкарските и ракометните натпревари се играа на отворени игралишта. Така и егзибициониот кошаркарски меч меѓу два тима на југословенскиот прволигаш Работнички се одигра на игралиштето до салата на ДТВ Партизан. Малите трибини се преполнија со близу 2000 гледачи.  Уште толку останаа пред влезот. Поединци се снајдоа гледајќи качени на покривите од соседните куќи! Имаше што да се види од изборот на тренерот Лечиќ. Во тимот А беа: Георгиевски, Радосавлевиќ, Ковачевиќ, Ј. Луковски, Антиќ, а во тимот Б: Боцевски, Димишковски, Гавровски, Крстевски, Андоновски. Повремено во едниот и во другиот тим влегуваа од Градската репрезентација на Прилеп (оти градов немаше клуб): Николоски, Крстески, Мијатовиќ, Поп-Костоски, Атанасоски и Нанески.

Победи тимот Б со 122-111.

Loading