ИЗЛОЖБА – „ЦАРИН“

Изложбата „Царин“ од Марсил Англеов  Ал-Махамид ќе биде отворена в четврток во 20 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Поставката содржи рачно изработени везови на имигранти, бегалци и жители на Северна Норвешка. Дел од колаборативната уметност.

Марсил Ангелов Ал-Махамид живее во Норвешка. Ја отворил работилницата за вез насловена „ЦАРИН“ во соработка со истражувачкиот проект „Cit-egration“ – Одржливи различни градови – иновации во интеграцијата. Цел е производство на нови применливи знаења за иновативни интегративни активности кои помагаат во живот на различности. Тенденција е да ја подобри интегративната интеракција и да ја развие само во градовите. Тимот истражува интеграции на имигранти. Постојат многу предизвици за мултикултурна земја, како што е Норвешка. Фокус е повеќе знаења за формите на уметноста.

Ангелов Ал Махамид главно работи со рачно изработен вез, видео-изведба и уметничка инсталација. Пораснал воЈугославија од сириски татко и српска мајка. Имал неколку проекти за создавање на дела и простори кои се претвораат во општествено ангажирана уметност.

Loading