Се крстеше во политиката додека таа не го прекрсти.
х
Дали и на политичкиот пазар постои сива економија?
х
Комедијантите во политиката создават трагедии за народот.
х
Ти не си за компромис кога не гледаш за мојот предлог.
х
Добар сопруг е оној кој однапред знае што сака сопругата да му каже.
х
Ако немаш план што треба да правиш тогаш сигурно имаш план за неуспех.
х
Верувај на своите очи и уши, а не на туѓите слики и зборови.
х
“Д-р Хаџи-Васков”