ПРИЛЕП ПРОТИВ СТРУГА

Ракомет

По две празни недели, претстоии викенд со два ракометни меча. Двата се во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

Во плеј-аутот од машката Супер лига подмладената екипа на Прилеп е домаќин на Струга. Гостите се фаворити поради пласманот, освоените бодови, меѓусебниот биланс. Во основниот дел од Лигата иако во Струга беше нерешено (23-23), во Прилеп триумфираа стружаните (19-29). Тие ја покажаа силата и во претходното коло, а Прилеп загуби во Охрид (40-22).

Табела: Охрид 30, Струга 28, Радовиш и Вардар јуниор 15, Прилеп 10, Борец 0.

Стартува и плеј-аутот во Женската лига. Прилепскиот тим Деспина е домаќин на Гевгелија. Неивесност поради двата претходни меча. Прво Гевгелија победи (24-22), а на вториот возврати Деспина со победа (31-21). Квалитетите се блиски. Тоа го покажа пласманот во основниот дел од Лигата, каде прилепскиот тим беше 7-ми со16, Гевгелија 8-ма со 15 бода. Еве ја скусената табела од плеј-офот: Спартак 19, Деспина 16, Гевгелија 15, Цемс 9, Овче Поле 0.

Во машката лига последниот отпаѓа, претпоследниот оди во бараж, а во Женската нема отпаѓање.

Loading