МЕГЛЕНСКИ: КОГА АКО НЕ СЕГА, КОЈ АКО НЕ НИЕ!

Фудбал: Нов оптимизам во Победа

-Првиот предизвик е в недела кај Шкендија

Pobeda - Osogovo

Додека компаниите-акционери заедно со Општината бараат решение за финансискиот проблем на Победа, на местото шеф на Стручниот штаб, по оставката на Јане Николоски, назначен е Тони Мегленски. Практично, повратник е по четири месеца. Тогаш, во есенскиот дел, почна со одлични резултати и шанса за пласман до високото трето или четврто место. Потоа се случи финаниската криза, престанок со тренинзи и тежок пад на табелата. Што да очекуваме сега?

-Историјата како да се повторува. Се знае што значи овој клуб за мене. Повикан сум за спас на Победа, а јас ја знам само по успеси и ништо друго. Многумина велат дека ризикувам, а ризик беше и претходниот пат кога бев тренер. Со играчите се согласивме дека мора да се обидеме клубот да се спаси. Нема отпаѓање. Тешко е, но кога, ако не сега, кој, ако не ние – вели Мегленски. 

По пет дена нетренирање, по поразот од Ренова, продолжи работата. Во вторникот беше одигран пријателски меч на Могила со третолигашот Осогово (победа од 5-0). Претстојат тренинзи како подготовка за наредниот меч в недела кај Шкендија, а в среда е дуелот ,,дома,, со Вардар. Поради отсуство на пет младински репрезентативци, мечот со Академија Пандев од 28 март е преместен за 1 мај. Лошо изгледа табелата: Шкендија 50, А. Пандев и Вардар 42, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 30, Македонија 26, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18.

-Задача е да се крене екипата психолошки. Договоривме план во соблекувалната. Како есеноска, така и сега. Планот не смее никој да го знае. Се надевам дека ќе ја постигнеме целта – истакна Мегленски.

Мирчески асистент

Има само мала измена во Стручниот штаб на Мегленски во споредба со претходникот Николоски. Нов помошник-тренер е Филип Мирчески кој работеше во Младинската школа. Други членови на Штабот се Дејан Кебакоски и Сребре Стефаноски.

Loading