Осознај го своето незнаење.
Х
Ако си главен не значи дека ќе бидеш славен.
Х
Знамињата често служат и како кулиси.
Х
Не бегај од арно! Ќе останеш без азно.
Х
Кој многу прашува малку запаметува.
Х
Ако не го разбираш светот, обиди се прво да се разбереш самиот себе.
Х
Уметноста на живеењето не е разбирлива за секого. Исто кско и уметноста воопшто.
“Д-р Хаџи-Васков”