„КРАДЕЦ НА БРОЕНО ВРЕМЕ“ ОД ТАЊА ДИМЕСКА.

„Крадец на броено време“ е новата литературна творба на Тања Димеска. Спонтаното создавање на збирката предизвикува спонтани промени на личните уверувања и ставови за некои необјаснети осудувања и завидувања.

Има неколку разговори со Недостижниот господин кои се случуваат во некоја паралелна реалност, разговори кои никогаш увото не ќе ги слушне. Потоа, семејството кое се држи заедно како јазол, без јасен почеток и крај, но со чиста љубов, добива писма од најмалата, ќерката. Таа одеднаш собира моќ се издига до сите соѕвездија, патува и го оправдува сето она што предизвикува среќа, колку и да е погрешно. Крадецот на своето или туѓото изброено време се појавува во најсреќните моменти. Не само време, почнува да краде и среќа. Одзема речиси сé бидејќи неговото секојдневие е толку неисполнето. Продолжува освестувајќи се со сознанието колку е човекот суров кога е сакан. Овојпат продолжува да подарува крадено време да креира моменти. Ситни, но и крупна среќа – раскажува Димеска, која е автор и на други книги.

Loading