БРОД НА ПРИЛЕПСКО КОПНО

Plovilo na drum

Бродот Галеб во 1961 година бил транспортиран од јадранските бродоградилишта на огромна приколка до Охрид. Патот го водел покрај Прилеп.  Бавниот транспорт на тркала на огромното пловило по тесните патишта тешко напредувал до охридското пристаниште. Некаде низ улиците приколката не мжоела да заврти па локалните власти урнале куќа приколтата да може да помине низ прашливото сокаче. Камионите што го влечеле бродскиот товар “папсувале” и барале одмор. Една таква пауза за ладење на моторите направиле кај фабриката Партизан. А љубопитните деца веднаш разбрале дека по битолското џаде се движи огромен брод. Наеднаш ја дознале локацијата и се воодушевувале на бродот, кој дотогаш го виделе само на слика. И снаодливиот фотограф успеал да го “открие” водениот џин на земјино тло и да го овековечи за генерациите дека на прилепското копно се движел брод.

Loading