ПАРТИЗАН ВО ПЕХЧЕВО

Партизан/Напредок/Прилеп

Добар пролетен старт на Партизан Обршани во првенството на Втората лига – Исток. На Могила со 1-0 (стрелец Н. Ефтинџиоски) совладан е Вардар од Неготино. Следи борба за повисок пласман од 7-то место. В сабота е мечот кај фаворитот Кит-Го во Пехчево, така што и бод е успех. 

Одличен е и Напредок во Третата лига – Центар. На Могила со 4-2 (стрелци Јованоски, Х. Митрески, Чешелковски и Ристески) ја совлада третопласираната Бабуна. Следи гостување во Росоман, тим кој изненади со гостински триумф од 1-3 над Питу Гули во Крушево. На останатите дуели, Марена – Братство Житоше 1-6, Големо Коњари – Ново Црнилиште 0-0, Младост Кривогаштани – Тополчани 4-1. Двојки за в недела П. Гули – Тополка, Бабуна – Младост, Тополчани – Г. Коњари, Н. Црнилиште – Марена, Братство – Превалец.

Женската екипа на Прилеп со 3-1 (стрелец Ѓорѓиеска) загуби од Тиверија во Струмица.  В недела гостува на Ас унитед во Струга.

Loading