ТОФИЛОСКИ ПОВРЕДЕН

Фудбал

Екипата на Победа загуби во Кратово од Силекс (1-0), со гол од пенал, момент решавачки за мечот. Од гостинскиот табор упатија многу забелешки не само за неправилно досудениот пенал, ами воопшто за судењето на скопјанецот Влахо и помошниците. Доделени се дури 8 жолти картони на прилепските фудбалери. За одбележување е и повредата на капитенот, голманот Тофилоски, кој поради болки во коленото беше заменет на полувреме од младиот Котевски. В сабота на ред е дуелот ,,дома,, со Ренова, а потоа пауза до 28 март. Тогаш е мечот со Академија Пандев, а три дена подоцна со Шкендија.

Табела Шкендија 47, А. Пандев и Вардар 39, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 27, Силекс 24, Македонија 23, Беласица 19, Победа 18.

Loading