СНЕЖАНА ПАНОСКА РЕДИ НАГРАДИ

Писателот и поет Снежана Паноска твори, создава песни за возрасни и деца, учествува на конкурси во земјата и во странство. Последната награда со која се закити е прва награда за расказот ,,Приказна под маска,, освоена на конкурсот на библиотеката во Струмица, трета за расказот ,,Душата на мојата баба,, на организацијата на жени на Битола, диплома за најубава песна на поетската манифестација ,,Ако одам во Битола,,. Застапена е со творби во повеќе зборници.

Вели дека секој сака да биде награден за трудот, бидејќи тоа е поттик за натамошно творештво.

-Наградите и признанијата се ветер во грб. Драга ми е последната, првата награда од мојата родна Струмица. Тие се поттик и признание дека некому му се допаднало напишаното на хартија, пренесувањето на душата, споделувањето љубов – вели Паноска.

Таа е автор на повеќе збирки поезија, раскази и поезија за деца.

Loading