ДЕСПИНА СО ПЕЛИСТЕР

Ракомет

Конечно и настан за љубителите на ракометот. Викендов, во салата ,,Ричко,, е натпреварот од Женската лига, Деспина – Пелистер. Може да се очекува жесток домашен атак кон трите бода против лутиот соседски ривал. Пелистер есеноска дома победи со голема разлика и време е да се наплати долгот. Дека тоа е можно покажа пријателскиот меч кој го добија прилепчанките, а и резултатите од првото пролетно коло. Пелистер дома со 23-33 загуби од Металург, а Деспина со 23-32 триумфираше кај Цемс во Скопје. Табела Металург 39, Куманово 37, Вардар 31, Стружанка 28, Пелистер 27, Спартак 23, Деспина 16, Гевгелија 12, Цемс 9, О. Поле 0.

Машкиот суперлигаш Прилеп, доколку ги надмине финансиските проблеми, треба да гостува во Охрид.

Loading