ВАРДАР НА МОГИЛА

Партизан / Напредок / Прилеп

В сабота (14 часот) продолжува првенството на Втората лига – Исток. Тоа значи дека, конечно, квалитетен фудбал ќе има и во градов, на Могила, каде ќе се сретнат Партизан Обршани – Вардар Неготино. Со триумф домашните скокаат од 8-мо кон 7-мо место.

Стартува и пролетниот дел од Третата лига – Центар. В недела (14.30 ч.) на Могила треба да се одигра мечот Напредок Крушеани – Бабуна. Домашните, засилени со 10 нови играчи, атакуваат на трите бода и повисок пласман од есенското 10-то место. Останати Марена – Братство Житоше, Големо Коњари – Ново Црнилиште, Младост Кривогаштани – Тополчани, Питу Гули – Росоман, каде крушевчаните со победа од второ одат кон прво место.

Продолжува првенството и во Женската лига. Екипата на Прилеп викендов е гостин на Тиверија во Струмица. Домашните се фаворитки, ако се земе предвид дека се на високото 6-то место со 28 место, а Прилеп на 3-то со 21. Но, прилепскиот тим е засилен, со амбиција да напредува на табелата. Затоа може да се очекува рамноправен дуел и неизвесен исход.

Loading