ЕВРОПСКА ОДБОЈКА

Историја

Од осамостојувањето на државава до денес се отвори можноста за меѓународни клупски и репрезентативни натпревари во градов, но во одбојката тоа само неколкупати беше искористено. Во далечната 1996 година, репрезентацијата на Македонија во Универзалната сала загуби од Шведска. Селектор беше прочуениот Митко Циев. Во 2007 година, првпат во евро-куповите играше тимот на 11 Октомври, предводен од тренерите Дејан Димоски и Марјан Басароски. Прв противник, во Купот на ЦЕВ беше швајцарскиот Сеат од кого беа два пораза, на гости и дома. Потоа беше дуелот дома со естонскиот Талин, исто така со пораз за елиминација.

Реваншот во Талин не се одигра.

Loading