„ЖЕНИТЕ И ФОТОГРАФИЈАТА 2019“

Фотографии од прилепски фотографки во Куманово

kumanovo izlozba

Осум прилепски фотографки, членки на Фото кино клубот Прилеп учествуваат на изложбата ,,Жените и фотографијата,, што вечерва се отвора во Куманово во организација на фото кино клубот Куманово. Меѓу 46 дела, осум фотографии од прилепските авторки на слободна тема и жена. Со по една фотографија се претставуваат Каролина Мицевска, Јана Неделкоска, Гордана Николоска Димеска, Јана Наумоска, Натали Десоска, Мимоза Мицкоска, Мери Трајкоска и Силвија Николоска.

Традиционалната изложба е по повод меѓународниот ден на жената.

Loading