ЛУК ЗА ПУШАЧИ

luk

Ракот на белите дробови е еден од најсмртоносните. Секоја година умираат неверојатни 1,2 милиони луѓе во светот. Проблемот е во дијагнозата со незабележителни симптоми во раниот стадиум од болеста. Предоцна е кога ракот ќе се детектира. Дури 9 од 10 заболени се пушачи. Спин се теориите на тутунската индустрија, од типот – ,,мојот дедо пушеше две кутии и живееше 90 години,,.

Интересни се препораките на стручњаците дека луѓето кои консумираат лук барем двапати неделно и умерено, 44 отсто го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, па дури и ако се пушачи. Соединението алицин во лукот има силно антиоксидативно дејство и го спречува формирањето на слободни радикали, главните виновници за создавање на разни заболувања. Ова соединение ги спречува воспалителните процеси во организмот, превенира настинки, инфекции па дури и маларија.  Во некои земји, таблетите од бел лук се лиценцирани како официјален лек за атеросклероза.

Лукот како превенција од ракот на белите дробови ги охрабрува пушачите кои не сакаат да се одречат од оваа штетна навика. Значи, ако не сакате да ги оставите цигарите, воведете го лукот во исхраната колку што можете повеќе.

​Светската здравствена организација (WHO) препорачува доза од едно чешне лук секојдневно во исхраната.

Loading