Непотизмот напредува! Од поединци сега и на цели семејства.
Х
Се’ помалку зборуваат оние што многу мислат.
Х
Неуспешните ликуваат што успешните се под нивните стопала.
Х
За вирусот на тероризмот сеуште нема вакцина.
Х
Кога паметниот ќе го замолчат, будалиот ќе проговори, а фукарата ќе се збогати…
Х
Љубовта е најважна работа во животот, а како и останатите важни нешта – тешко достапна.
Х
Од спореден колосек се префрли на автопат ама ја заборави локомотивата!?
“Д-р Хаџи-Васков”