КОЈ Е СЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ?

Победа

Небојша Стојковиќ се повлече од претседателската функција во фудбалскиот прволигаш Победа, со образложение – лични причини. Потегот го најавил пред првиот пролетен првенствен меч во Кичево (Победа – Беласица 1-1), а веднаш по него за конечната одлука ги известил претставниците на компаниите – акционери. До заклучувањето на бројов од весников немаше објава за негов наследник. Дали решението ќе биде човек од фудбалот или од бизнисот? Се надеваме дека за долг период, како некогаш во управата незаменливи Ацуле Забрчанец, Хари Хаџиристески, Марјан Стојкоски, за разлика од претходните пет-шест години кога се сменија десетина.

В недела е гостувањето кај Шкупи, в среда куп-мечот со А. Пандев.

Loading