Ако тргне чоек по бумбар, че го однесе или в Парламент или на интензивна нега! Што ми го испила чавка умо на старос, па и ветив на Јаглика моја да ја носам на одмор. Страв, не страв, кај пукнало нека се цепи. Маж сум или државен пратеник?! Бапнав две-три комојци за кураж, си го наплукав патецот, па и се истопорив на Јаглика небаре политичар.
-Јалдаз, спреми што имаш спремање. Утре заминуваме на одмор. Ме опули врчвана напоречки, небаре и реков – ,,спреми се, калакурдо, че ти го тргам анџаро на чутук,,.
-Не лај ко независен пратеник, остави ме да гледам ,,Године нису важне,,
-Ко ти велам, те носам и те носам! Готово, зборот е закон. Нема мрдање, нема реплики.
-Куранде еден, по 20 години ти текна?
Збеснав, ама се штипнав по царското мевце, а ми дојде да ја расчепатам. Ама ај, умкосав ко опозицијата…
-Пиле, поарно сега, отколку никогаш. Живото врви?
-Врвел не врвел, со тебе прокопсав!
-Да одбираш кај сакаш! Трпејца, Дубровник, Врсар, Ница, хотел, вила, бунгалов, апартман, хациенда.
-Цццц… Песјобртци, Бутел, Мирогој, ендек, лаж еден. 20 години бладаш, ветуваш, си прајш со газо Бајрам.
-Охрид, Ерусалим, Канео, Струга, Ачикот… Сонце, песна, поезија, ставено-кренато, месен-обесен…
-Не трескај ко на митинг, нео дам никаде и квит!
-Негорци, воздух, ава, ,,плуќа,, широка наааа…, Крушево, борови, Гумење, Маврово…
-Не кини зелени! Со тебе и на лозје не одам. Доста давиш ко блатоно чепигоско!
-Маврово, бачила, млеко-калапи сирење со дупки, ко со воздушна гајџани… Радика, рај, красотија…
-Абдал, не туку чади со то цигариштето, да не не ти дам пауза ни на балкон!
-Да ,,скокнеме,, до Варна, плус нашинци сме, едно…
-Јок, не одам и Борисов да ми прати калезба.
-Балатон, ене кај е, некој черек. Пешта, Добрецин, гулаш кавурма, чордаш, виолина, романтика до посер..
-Ич, скн! Ни мртва!
-Швајцарија, Алпи, снег среде лето, скиење…
– Да пукниш, кленде недоквакан, ти инает тераш! Ногу убо знајш колку сум зиморлива!
-Топтан пара имам, цел век ги туткам, светов да ти го купам…
-Куп да ти стани глата…
-Цел живот пекаш, а сега кога те викам сé ти е преку нос, да не речам преку ,,Стојна,,.
-Јас Претор не знам кај е, до Кривогаштани не сум пошла, ти сега апансас че ме прајш нудистка во Иран!
-Значи не одиме никаде?!
– Тука те чекав. Дојде на мојава!
– Значи, одиме?!
– Јас да, а ти јок!
– Кккккааккооооо?!
-Да се чудиш ко стечаец пред бифтек! Со мајка ми че одам кај стрико ми во Америка. Тој скордепсал и остајл големо имање… Ти летај си со умот, ко шо летам јас со тебе цел живот. Нека ти е со зглавје и на здравје!