МЕЧКИТЕ НЕКОГАШ ЗА ПОТСМЕВ – ДЕНЕС ЗАШТИТЕНИ СО ЗАКОН

 

mecka igraНекогаш Ромите си играа со мечките, а денес ова ретко корпулентно животно почесто се гледа по фимловите отколку во планинита. Со евидентирање на наглото опаѓање на единките во Македонија, забранет е ловот. Заштитата оди дотаму што дури, ако мечка дрпне некој сандак со мед, државата е жртва на мечкината лакомост за десерт. Така судот ја суди државата, оти мечката правела зулуми во пчеларниците.

А некогаш мечките биле во пранги. Српските Роми доаѓале во градот со мечка врзана со синџир на носот. Со ќотек од голем стап на сопственикот, таа била дресирана да танцува на ритамот на дајрето.

Кај прилепчани владело верување дека е лековито газењето на мечката на човек. Се случувало да плаќаат за здравје за да бидат исцапани со дел од тежината на мечката. Се верувало дека децата и болните ќе бидат среќни или исцелени, ако мечкини влакна се запалат и да се исчадат. Затоа се купуваа влакна од мечкиното крзно.

Инаку, мечките се тревопасни животни. Ретко напаѓаат други животни или човек. Ги привлекуваат пчелни сандаци со мед во сушни години кога се гладни. Агресивни се, ако се во опасност, ако немаат храна или ако им се загрозат малите.

Loading