УМРЕ МУЛЕТО

Дека мерако си е мерак, дума да нема! Една жена, толку ногу си го сакала мажо шо ни дејне ни нојче не се одделувала од него. Ама, непендек, по 2-3 години мажо се разболел и умрел.  Од голем мерак по мажо кутрата, секое сабајле рано, а навечер доцна одела на гробо и тажела со сати.   Попо и слугата се чуделе. Поопо – недоквакан, му рекол на слугата:

– Не сум видел некоја жена толку ногу да си го милуа мажо. Ова кучка никојпат нема да го заборај, а камо ли да помисли на друг!? А, види, колку е млада… р”скајче?!”

Слугата, демек, покурназ од попо, па рекол:

-Женчево да не жал за оние рабојче?! Дедо, да се кладиме дека че ја кандисам, палената!!!

Попо, му ја думал и си рекол, шо сака нека биди, баш да го видам и то чудо. По договоро, ако слугата ја кандиса, попо да му го дај мулето, а ако не ја кандиса, слугата на попо да му и дај двете волиња.

– Аирлија, пуштам рака, ама – зборо е збор!- рекол попо.

Слугата го натерал попо да се качи на едно дрво за да можит одозгора да гледа и да слуша. Квечерината, се задала невестата на кај гробиштата. Слугата на пусија клекнал на еден пресен гроб. Почнал да реди до вишно небо: “Леле, жено, зошто сум жив без тебе, за кај сум, јас, сега кутрио,,?!

Жената пошла на гробо од мажа си, та почнала да тажи, дури грло ја држело. От ко попрестанала, се обѕрнала и шо да види: слугата тажи уште и то посилно.

Така расплакана, невестата го зела пагурчето со ракија и отишла на гробо кај шо тажел слугата да го почести за душа за мажот и.

– И тебе те снашла мака ко мене?! Од шо умре жена ти, Бог да е прости?!

– Кутрата си умре по моја грешка!

– Да не ја тепаше, да не ја бркаше од дома?

– Скраја да е, ич, ништо од то. Полошо е, ама, срам ми е да ти кажам!

– Да не умре од некоја тешка болест, еве, како мојов Јонче кој си си ојде на оној свет  фатен од офтиката?!

– Не, не е ни от то!Ч е ти кажам оти ми се пулиш ко ачик жена шо ногу си го сака мажо.

– Кажи  слободно, нека ти олеснит на душичката.

– Една вечер бев малце поднапијан, а “алато” голем. Та ко и се бапнаф, ги овргали, двајсчетирите, уште еднашка не се опули кутрата. За кај  сум сега, кутричкио?

– За кај мене си, шом таква била работата. Ела, бапосај се и кај мене. И јас да ги овргалам двајсчетири и да си појдам кај маж ми.

Слугата-пеземек не чекал два пати да му се речи. Ја опрчалил  под  дрвото да можи попо да гледа и да знај дека го загубил облогот.

Таја, ко шо била “загорена”, само велела: “Ај, уште малку повнатре, оти  еве, готова сум, умирам, умирам…

Попо пак не можел да издржи, од дрвото почнал да се дери чунки улав:

– Море, путуко ти мајчин, ти не умираш, туку мене ми умре мулето!!!

Loading