ОД КИЛИМИ ДО ШЕЌЕРЧИЊА НА ПАНАЃУРИТЕ

Bogata panagurska ponuda

Жито, тутун, килими и друга стока најчесто се нуделе во минатото на панаѓурите во Прилеп на кои доаѓале трговци од целиот Балкан. Главни производи кои се продавале биле пиперките, женски ракотворби, особено килими со кои се тргувало во средниот век. 

Според историските податоци, кон крајот на 13 век подигната е црквата Св. Димитрија во Варош, во која се крие тајната зошто и Венецијанските трговци својата стока, пред да ја однесат во Солун и Цариград, ја нуделе на прилепскиот панаѓур, кој во 12-14 век се одржувал во подножјето на црквата. За важноста на панаѓурот зборувал и посебниот султанов указ, со кој сите трговски каравани за панаѓурот ја уживале заштитата на султановите војници.

Аргументи за Прилеп во 17 век оставиле турските патеписци Хаџи Калфа, Евлија Челебија и други кои забележале дека повеќето од жителите се занимавале со изработка на ножеви и играчки. Од патување низ Прилеп, во 1807 година, францускиот конзул Анри Пуквиљ забележал дека градот имал 1000 -1100 куќи и дека водел трговија со жито, волна и добиток. Според него, панаѓурот бил еден од најголемите во Румелија и траел 25 дена.

Панаѓурот се модернизирал. За тоа говори и фотографијава од 1948 г. на која се гледа дека се користеле и кантари, на кои можеби се мереле и шеќерчиња, масло, алва…

Loading