НЕОЧЕКУВАН ПОРАЗ

Пинг-понг

Одиграни се 10-тото и 11-тото коло од Супер лигата за сениори, во кои прилепските екипи беа фаворити и затоа се очекуваа четири победи. Но, се случи изненадување: Младост со 1-4 загуби од Телеком Скопје. По победата на Јочкоски во првата партија, се наредија четири порази – на Милошевиќ, Штаргоски, двојката Милошевиќ/Јочкоски и на крајот – Јочкоски. Најдобриот поединец во клубот падна на 3 место на ранг-листата, под Миленковиќ (Телеком) и Станојковски (Вардар Скопје). Сепак, на другиот дуел Младост – Работнички Скопје 4-0. Вториот прилепски тим Младост 96 беше сигурен, со два триумфа – 4-0 со Мултитекс (Битола) и 4-1 со Шампион (Штип). Во следните кола, прво Младост – УГД (Штип), Младост 96 – Работнички, а потоа е дербито Младост – Младост 96.

Табела: Вардар 21, Младост 20, Младост 96 – 19, Телеком 18, Шампион и Работнички по 15, УГД 13, Мултитекс 11.

Loading