ПРЕД ОЧИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ

Фудбал

Прволигашот Победа ги одработи тренинзите во Дојран, каде во тест-меч го совлада Кожуф со 1-0 (Танушев), а потоа со 2-0 (Каланоски и Гешоски) го победи Тиквеш во Кавадарци. Тоа беше третиот меч, бидејќи претходно серијата почна во Тетово со Ренова 2-2 (Танушев и Гешоски). Прилепскиот клуб пријатно ги изненади навивачите во средата, кога одигра пријателски натпревар со Гостивар (1-0), на теренот со вештачка трева. Сега останува само уште генералната проба, со Пелистер.

Лигата продолжува на 17 февруари, со Беласица.

Loading