ПРОЗИВКА БЕЗ ИГРАЧИ

Ракомет

Понеделникот беше одреден за прозивка, прв собир на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп, но обидот не успеал. Во салата ,,Ричко,, се појавиле само тренерите Пеце Велјаноски и Тони Димоски, а од ракометарите немало никој. Несекојдневна појава. Првотимците имале барања од клубот за исплата на некои обврски. Ќе почнеле со тренинзи потоа. Не може да се претпостави што ќе се случува. Овој клуб и спорт многу значеле и уште значат за градов. Затоа стои надежта дека работите ќе се средат. Штета е, додека ракометот се смета за спорт број 1 во државава, овде да не се надоврзе традицијата. А и во актуелното првенство постојат шанси за опстанок. Лигата продолжува на 2 март дома со Еурофарм.

Од друга страна, веќе десетина дена тренира женскиот тим на Деспина под водство на Страшо Илиески. Во салата ,,Ричко,, редовни се сите ракометарки, нема отсутни. Според планот, сите тренинзи ќе бидат на истото место. Настрана ќе се оди само ако се закаже пријателски натпревар. Тоа е мошне тешко, поради малиот број женски екипи не само во регионот, ами и во државава. Можно е да се одмерат силите со битолски Пелистер. Со Стружанка не е изводливо, бидејќи овој тим е ривал во рамките на Купот. Првенството продолжува на 2 март со Цемс во Скопје. Во играчкиот кадар нема промени и се очекува борба на Деспина за есеноска освоеното 7 место од табелата.

Loading