ПРОДОЛЖУВА ПРВЕНСТВОТО

Пинг-понг

Објавено е дека в недела во Скопје ќе продолжи пингпонгарското првенство во Супер лигата за сениори. Предвидени се две кола, осмото и деветтото. Екипата на Младост ја има фаворитската улога со Мултитекс (Битола) и со Шампион (Штип). Тимот на Младост 96 ќе има потешка задача, со скопските противници – четвртопласираниот Телеком и лидерот Вардар.

Табела: Вардар 12, Младост 11, Младост 96 и Телеком по 10, Шампион и Работнички по 8, УГД 7, Мултитекс 6.

Loading