ШТЕДЕЊЕ СТРУЈА ПРИ ГОТВЕЊЕ

Уредите за подготовка на храна во кујната трошат значителен дел од електричната енергија во домот. Еве неколку совети за заштеда.

Најштедливи се керамичките плочи со индукциони рингли. Класичните рингли трошат најмногу електрична енергија. Употребувајте садови кои одговараат на големина на ринглата. Пред да е зготвено јадењето, исклучете ја грејната плоча, која ќе го доврши готвењето со акумулираната топлина.

Со шпорет со вентилаторско печење (со врел воздух) се пече побрзо и поевтино. Вратата на рерната се отвора по потреба, бидејќи се троши најмалку 20 отсто од топлината при секое отворање. Рерната се исклучува 10 минути пред крајот на печењето. Топлината го довршува печењето. Чистата рерна ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Микробрановата печка е идеална за брзо одмрзнување на храната и погодна е за брзо готвење. Со тоа паѓа потрошувачката на струја. Експрес лонецот или тенџере со дебело дно овозможува заштеда на енергија и до 70 проценти. Овие садови штедат и време и го дополнуваат квалитетот на подготовката.

Loading