СОБИР ОКОЛУ 15 ЈАНУАРИ

Ракомет

Ракометарите на суперлигашот Прилеп уште се на одмор, најверојатно најмалку до 15 јануари. Околу овој датум се најавува прозивката на тренерот Пеце Велјаноски. Со играчите, не се очекуваат поголеми измени. Сé ќе се одвива според скромните клупски можности. Во такви околности добро е да се задржи постоечкиот кадар, со кој има шанси да се избори опстанокот, а и поради послабите екипи во Лигата. Тука е последнопласираниот Борец. Извесно е дека меѓу Вардар јуниор и Прилеп ќе се води битката за бегство на баражот.

Подготовки се очекуваат и од женскиот тим на Деспина.

Loading