ШЕКИ ГИ ИЗНЕРВИРА БРАЗИЛЦИТЕ

Историја

Умре некогашната фудбалска ѕвезда на Црвена звезда и репрезентацијата на Југославија, Драгослав Шекуларац – Шеки, но спомените за него остануваат. Тој неколкупати гостувашево Прилеп. Пред прилепската публика ја даде најдобрата партија во дресот на Победа, на 20 јуни 1972 година. Настапи како засилување на пријателскиот меч против бразилската екипа Јувентус од Сао Паоло. Гостите беа подобри, победија со 1-3, но на теренот не можеа да прифатат некој да биде поголем Бразилец од нив. Токму тоа беше Шеки. Ги дриблаше на сите можни начини, им ја протнуваше топката меѓу нозе, што многу ги налути ,,кариоките,,, така што направија серија груби фаули. Дури ѕвездата Алберто Брида толку многу се изнервира што со глава го нокаутира Шекуларац.

Мечот беше проштален за Александар Конески.

Loading