БЕЛ ДЕН ВТОРИОТ АРХЕОЛОШКИ ИНФОРМАТОР

Здружението „Менелај“ електронски го објави вториот археолошки информатор со 26 стручни текстови. Еминентни археолози од земјата пишуваат резултати од последните истражувања на археологијата и културното наследство, но и неговата заштита и презентација. Меѓу трудовите се и од археолозите од прилепскиот Завод и Музеј.

Александар Миткоски пишува за истражувањата на Трештена Стена и заедно со Александар Мургоски за ,,Цртежите на карпи на Маркови кули,,. Душко Темелкоски одблиску ги доловува истражувањата за локалитетот Мал Сурун кај селото Дупјачани, додека Христијан Талески ги забележува податоците од истражувањата на локалитетот Маркови кули – Водно, скопско.

Инфроматорот е значаен, бидејќи изнесуваат стручни аспекти од бројните истражувања, кои придонесуваат за нови сознанија од областа на археологијата.

Наскоро се очекува промоцијата на печатената верзија.

Здружението, чии цели се истражување, промоција, популаризација и заштита на културното наследство во Македонија, ја објави публикацијата ,,Културни патеки,, електронско буклет, посветено на дел од најатрактивните археолошки локалитети во прилепскиот регион. На 44 страници на македонски и на англиски јазик, презентирани се локалитетите Маркови Кули, Павла Чука, Градиште – Дебреште, Стибера, Трескавец. Покрај текстовите и бројните фотографии, поставени се и мали мапи со инструкции за стигнување до соодветните локалитети.

Loading