ТРИКОВИ СО АЛУМИНИУМСКА ФОЛИЈА

folija

Еве дел од домашните трикови за поедноставување на секојдневието. Алуминиумската фолија не се користи само за чување и завиткување на храната.

Од листови фолија се прават неколку топки кои се ставаат во машината за перење пред да вклучување. Тие предизвикуваат повеќе вртежи на облеката и со тоа ја прават помека. Истиот трик се користи и во машината за сушење алишта, бидејќи фолијата е одличен сојузник на облеката, затоа што ја ослободува од синтетичкиот електрицитет.

Без жица за чистење, се тутка малку фолија во топче за чистење на загорено тенџере.

Со фолијата се чисти и сребро Тоа се чини со ставање на малку фолија на дното на садот. Потоа се додава вода и сол. Се остава среброто внатре 10 минути. Потоа се брише со сува крпа.

За поефикасно пеглање на алиштата се поставува фолија меѓу навлаката и штицата. Фолијата рефлектира топлината и пеглањето е пократко.

За острење на ножици се зема фолија. Се превиткува неколкупати, а потоа се сече со ножиците.

Loading